Поезијата е онаа тенка пајажина помеѓу срцето и мозокот, кажал одамна вљубениот поет. А, секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на Светскиот ден на поезијата.
Поезијата ја потврдува нашата заедничка човечност откривајќи ни дека многу поединци, насекаде во светот, делат исти прашања и чувства. Одлуката за прогласување на 21 март како Светски ден на поезијата беше усвоен за време на 30-та сесија на УНЕСКО која се одржа во Париз во 1999 година.
Овој 21 март, Телевизија Нова ве потсетува на важноста и широкиот опсег на можности за создавање поезија, без разлика дали ја користите како средство за изразување и комуникација, или само ја читате и истражувате, со една песна на полската поетеса и Нобеловка, Вислава Шимборска.
ВЕРМЕР
Се додека таа жена во Кралскиот музеј
во насликана тишина и концентрација
истура од ден на ден
млеко од бокалот во чинијата,
светот не го заслужува
крајот на светот.