ДЕНЕС СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА

WEB Телевизија во живо

Меѓународниот ден на постарите лица беше прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации на 14 декември 1990 година, со цел да се нагласи важноста од обезбедување средина што може да се приспособи на потребите и способностите на жителите на третата доба.
Меѓународниот ден на постарите лица се слави на 1 октомври.
Во текот на овој ден секоја година се одржуваат конференции и настани во рамките на одредена тема.
Темата на годинешната комеморација е „Стареење со достоинство: Важноста на зајакнувањето на системите за грижа и поддршка за постарите луѓе во светот“, која ги охрабрува владите, креаторите на политики и социјалните служби од светот да преземат усогласени и одржливи активности за да се справат со физичките, социјалните, психолошките и со здравствените потреби на постарите луѓе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *