Д-Р СОЊА АЛЕКСОВСКА ПО ПОВОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ :

WEB Телевизија во живо

РЕКРЕАТИВНИТЕ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ СЕ НАЈДОБРА ПРЕВЕНТИВА ПРОТИВ БОЛЕСТИТЕ.

Како и секоја година, Европската недела на спортот се одржува меѓу 23 и 30 септември низ Европа и пошироко.
„ Кај нас, освен активните спортисти, кои се редовни, сѐ поголема е и бројката на рекреативци, од оние што се занимаваат со фитнес, велосипедизам, планинарење, трчање во природа, куглање и друго, кои доаѓаат на прегледи. Ги има над 1.000 годишно, на различна возраст, и од мое искуство, можам да кажам дека често се во подобра физичка кондиција од некои од активните спортисти. Од година на година има сѐ повеќе рекреативци, што говори дека се зголемува бројката на оние што водат здрав живот – вели Соња Алексовска, специјалистка по спортска медицина од Службата за превенција и здравствени услуги на спортисти при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.“
Спортот и рекреацијата имаат суперпревентинвно дејство против кардиоваскуларните болести, го намалуваат нивото на шеќерот и на маснотиите. Исто така, го подобрува и социјалниот живот, особено во моментната ситуација, во услови на пандемија на ковид-19. Препорачливо е сите да издвојат дел од своето време за рекреација, затоа што живееме во бурно време, во справување со секојдневни проблеми што ни ја трујат душата.
Дури и малото зголемувања на редовната физичка активност може долгорочно да има големо влијание врз здравјето. Активноста помага во спречувањето болести, а телото правилно се развива и се одржува. Според препораките на стручњаците, физичката активност е потребна, но задолжително со совети од стручни лица. Спортската активност не мора да значи силна физичка напрегнатост, туку едноставно раздвижување на телото со пешачење, трчање, возење велосипед…
Затоа, искористете ги наредни викенди да поминете што повеќе време во природа, пешачете, трчајте, возете велосипед

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *