ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОК – ЕДЕН ОД ДЕВЕТ СМРТНИ СЛУЧАИ НА ДЕЦА ДО ЕДНА ГОДИНА ВО 2021 ВО МАКЕДОНИЈА БИЛ ПОВРЗАН СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ.

WEB Телевизија во живо

Од година на година македонските граѓани се соочуваат со драстично загаден воздух, особено во зимските месеци, што остава сериозни последици врз нивното здравје и значително го скратува животниот век токму поради дишењето воздух преполн со токсични честички.
Ваквите состојби, покрај постарата, почнуваат да ја погодуваат и најмладата популација. Имено, ново меѓународно истражување на УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија открива дека еден од девет смртни случаи на деца до една година во 2021 година во Македонија е поврзан со загадениот воздух.
– Овие податоци се особено загрижувачки, бидејќи раната и честа изложеност на загаден воздух влијае врз развојот на мозокот, белите дробови и органите на бебињата, што има последици врз здравјето и учењето во текот на целиот живот – вели Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *