ВТОРА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА „СИТЕ УФ СЕРМЕНИН“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ.

WEB Телевизија во живо

По втор пат – „Сите Уф Серменин”, на 22 септември, недела, 2024 година, во село Серменин, каде ќе се организира велосипедска тура, во организација на Гевгелија Точак Клуб. Велосипедската тура ќе започне од старото селско училиште, па потоа ќе се движи низ убавините на Кожуф Планина.
Почетокот на Големата велосипедска тура која е во должина од 40 километри и со висинска разлика од 1200 метри е на 22.09 во 9 часот!
 
Серменин е едно од постарите села во околината на Гевгелија, кое е познато и како воздушна бања. Чист воздух, борова шума и ниската влажност го прават Серменин одлично место за посета и прошетка.
Во селото ќе можат да се посетат црквата „Св. Ѓорѓи”, водопадот „Вера”, како и манастирот „Св. Илија”.
 
За да учествувате на турата, мора да ја пополните формата за пријавување со која давате согалсност за лична одговорност.
Линк до формата: https://forms.gle/cr4VEa3KMBBGGFZw6
На турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател), кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки.
Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише вода и неопходна храна за поминат ден во природа.
 
Доколку има учесници кои сакаат да кампуваат во сабота навечер, тоа може да го направат после 15 часот во дворот на старото училиште во село Серменин.
Организаторот го задржува правото за измена на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори
Настанот е од отворен тип – добредојдени сте сите на одлична дружба и забава.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *