ВО СЕЌАВАЊЕ НА ПЕЈЧО ИЛИЕВ

WEB Телевизија во живо

Се навршија три години од прераната смрт на Пејчо Илиев, познатиот гевгелиски и македонски стопанственик. Основачот на познатиот кафе-бренд „Паскалин“, на ладилникот и откупно дистрибутивниот центар Ледро Агро, на фирмата „БаЏо компани“, почина ненадејно од срцев удар, во 53 година од животот.
Беше основач и на фирмата за производство, дистрибуција на јаткасти производи . Потоа го основаше и трендот на новиот вкус на кафето под име „Евита“ и „Мерак“. Не застана тука, ја продолжи палетата на уживатели на топлите напивки со понуда на топло чоколадо, какао, капучина со разни вкусови и други мерак уживања за традиционалните семејни собирања, бизнис средби, и финале на секој ручек.
Основаше и свој магацин во Богданци, а неостварена амбиција му остана проектот за изградба на Спа центар со хотел со пет yвезди во атарот на Смоквица каде се наоѓаат подземните топли води во Гевгелиско, за што стапи во партнерски однос со фирма од Словенија.
Општина Гевгелија, и Македонија, со неговата прерана смрт, изгубија неуморен стопанственик, човек кој целиот свој живот го посвети на создавање на компании со кои го освојуваше пазарот со квалитетни и современи производи, модерен бизнисмен кој гевгелиската економија ја промовираше на најдобар можен начин.
Гевгеличани ќе го паметат по помагањето на голем број спортски, културни и хуманитарни настани, а Телевизија Нова 12 како долгогодишен и ценет деловен партнер.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *