ТРИ ГОДИНИ ОД ПРЕОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦЕЛОСНО ОБНОВЕНИОТ ХРАМ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Гевгелиската парохија, нејзините свештеници и овогодишните кумови-домаќини, со благослов на надлежниот Владика, Митрополит Повардарски господин Агатангел, ги покануваат сите гевгеличани заедно да се прослави тригодишнината од преосветувањето на црквата „Свети Кирил и Методиј“.
Исполнети со духовна радост молитвено да испросиме од Бога здравје, мир и благосостојба во нашите домови. , велат од Гевгелиската парохија.
По тој повод, во недела, на 29 септември, во 7 часот, е предвидена Воскресна утрина, по што во 8,30 часот ќе се отслужи Света Божествена литургија на која ќе пее црковниот хор „Свети Јован Кукузел“ од Гевгелија.
Пред три години, со архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, со членовите на Светиот Архиерејски Синод при Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, Високопреосветениот Митрополит на Преспанско Пелагониската епархија, г.Петар, Високопреосветениот Митрополит на Брегалничката епархија, г. Иларион, Високопреосветениот Митрополит на Европската епархија, г. Пимен, како и свештенството на Повардарската епархија, беше преосветена Црквата „Свети Кирил И Методиј“ во Гевгелија, по што се отслужи и света Божествена литургија, со учество на градскиот мешан хор „Гортинија“.
Инаку, Цркавата Свети Кирил и Методиј, според натписот на плочата на источниот ѕид, е подигната во 1896 годин, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Тоа значи дека оваа година Црквата слави 125 години постоење. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.
Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов – Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква „Света Троица“ или од манастирската црква „Св. Спас“ во Гевгелија и се дело на непознат резбар од XVIII век. Градител на црквата е Андон Китанов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *