ТРАНСПОРТНИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ ВО ГЕВГЕЛИЈА И ТАБАНОВЦЕ ВО ЗАСТОЈ, ЌЕ СЕ ПОЗАЈМУВААТ ЛОКОМОТИВИ ОД СРБИЈА

WEB Телевизија во живо

Транспортниот железнички сообраќај е во застој, вагоните се трупаат на железничките јазли во Табановце и во Гевгелија, материјалите и стоката стојат во место а реакции има и од соседните држави, Грција и Србија кои бараат итно решавање на проблемот и деблокада.
МЗ транспорт бара начин што побрзо да го оспособи транспортниот сообраќај, да го намали притисокот и да генерира приход од транзитот на возовите со стока.
Македонски железници имаат само неколку локомотиви кои немаат капацитет да повлечат поголем товар,а поголемиот дел се на сервисирање со месеци. Преодно решение е наем на четири локомотиви од Србија кои ќе бидат оперативни веќе идната недела како и оспособување на локомотивите од Кина на кое се работи во моментов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *