СВЕТСКИ ДЕН НА ЧИСТИ ПЛАНИНИ – 26 СЕПТЕМВРИ.

WEB Телевизија во живо

ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ЧИСТ КОЖУФ, ТОЈ НИ ДАВА КИСЛОРОД, ВОДА И Е БОГАТ СО ФЛОРА И ФАУНА

Чистотата и заштитата на планините, ни се потребни повеќе отколку што сме навистина свесни за тоа. На тоа не потсетува важниот ден во годината – Светскиот ден на чисти планини 26 септември/
Овој еколошки датум се одбележува повеќе од 20 години, а има за цел да укаже на значењето на планините за квалитетот на животот, да се истакнат можностите и ограничувањата за нивно зачувување и да се создадат партнерства кои ќе придонесат за позитивни промени. Планините заземаат една петина од вкупната копнена површина на Земјата и значајни се за одржување на животот бидејќи обезбедуваат кислород, вода за пиење и претставуваат живеалишта за бројни растителни и животински видови.
Овој ден се одбележува со цел да се подигне свеста за важноста на планините, како и да се потенцираат можностите и ограничувањата за нивно зачувување. Во согласност со тоа, низ целиот свет се одржуваат разни акции за еколошко чистење, посета на природата, планинарење, истражување, прошетки итн.
Сепак, овие области се повеќе се изложени на негативни антропогени фактори кои се рефлектираат во масовната урбанизација, глобализацијата, туризмот, уништувањето на шумите, загадувањето на изворите на вода за пиење што извираат во голем број во планинските области, загрозувајќи ги сите сегменти на животната средина, пожари, уништување на живеалиштата, ерозивни процеси, климатски промени и така натаму, и така натаму… Списокот е долг.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *