СО НАСТАПОТ НА КУД „ТАНЕЦ“, ВЕЧЕРВА ВО 19 ЧАСОТ ЗАПОЧНУВА ТРИДНЕВНИОТ ФЕСТИВАЛ „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“

WEB Телевизија во живо

Од денеска, петок (13 септември 2024 година), на паркинг просторот пред новиот Градски пазар, започнува второто издание на тридневниот Фестивал “Taste the south”- „Вкуси го југот“, во Гевгелија. Денешниот и наредните два дена, гевгеличани и секој добронамерен гостин од пошироко ги очекува добра забава со вкусување храна, пијалоци и уживање во музичкте настапи на домашни уметници, фолкорни концерти и stand-up шоу.
Денеска, Фестивалот ќе биде одбележан со правење ајвар, а културно уметничката програма започнува со настапот на КУД „Танец“ од Миравци, со почеток во 19:00 часот. Во 19:45 часот, гевгеличани, како и другите гости ќе ги забавуваат локалното Трио „Хитс“, во состав на Момчило, Слободан и Марија.Фестивалџиите ги очекува и настапот на Дац и Александар, во 20:45 часот. Атмосферата ќе ја подигне и Дејан Малзарков со своето stand-up шоу „Диверзија“, а неговиот настап ќе започне во 22:00 часот. По него, гевгелиската и македонска рок-група „Зијан“ ќе ги запеат своите музички хитови, со почеток во 22:15 часот. За крајот на првиот ден од Фестивалот, следи настапот на Ивица СтојановскиФиц, некогашниот вокал и гитарист на скопската поп атракција од 90-тите „Студени Нозе“, заедно со својот бенд „Фиц енд Д’инвизиблс“, со почеток во 23:45 часот

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *