ПРИСТИГНА НОВА ГРУПА НА АМЕРИКАНСКИ ВОЛОНТЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА.

WEB Телевизија во живо

Вчера, 23 септември, пристигнa новатa група на Американци во Македонија кои ќе служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство преку волонтирање во различни институции и организации низ земјата. Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировен корпус во Македонија, Дејвид Рисајд, како и дел од вработените. „Мировниот корпус го поздравува пристигнувањето на 38 Американци во државата кои ја претставуваат 27-та група волонтери на Мировниот корпус која ќе служи во Македонија. Овие 38 Американци ќе бидат распределени да живеат и работат во различни заедници низ целата земја. Мировниот корпус е благодарен за соработката со Владата и нашите партнери, со која успеавме да поддржиме речиси 900 волонтери да служат овде од 1996 година па сѐ до денес“, вели Директорот на Мировен корпус, Дејвид Рисајд. За време на нивниот двегодишен престој во Македонија, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во полето на развој на заедницата – во невладините организации и општините. Мировниот корпус има одлична соработка со своите локални и национални партнери и ги спроведува своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа. Ова е 27-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе ja запознаат македонската култура. Својата служба во земјата ќе ја започнат официјално во декември.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *