ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „YOUR JOB” НА МЛАДИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

WEB Телевизија во живо

Младите од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија имаа можност преку инфо-сесија, врз основа на соработката на Локален младински совет на Општина Гевгелија и Македонски Каритас, да се запознат со Регионалниот проект: “Your Job Маcedonia” наменет за млади на возраст од 15 до 35 години што се спроведува во рамки на Регионалната програма во Европа- Програма за млади во Западен Балкан.
Од страна на кариерните советници, Верица Ангеловска и Александар Младеновски, беа презентирани активностите, во коишто младите можат да се вклучат во Проектот, како: бесплатни обуки, кариерно советување и индивидуална поддршка, односно следење персонализирани обуки за професионални вештини, обуки за активно барање работа, прво работно искуство преку пракса и придружба во поставување сопствена бизнис-идеја и грант шема за поддршка на идеи со висок потенцијал.
Проектот е финансиран од Реновабис и Каритас Австрија, а мрежата на Каритас го реализира во 6 Општини во Југоисточниот Регион: Гевгелија, Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Богданци. Сорaботката помеѓу Општина Гевгелија, Локален младински совет на Општина Гевгелија и Македонски Каритас за унапредување на положбата на младите ќе биде проширена со потпишување Меморандум.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *