ПОЧИТУВАНИ ФАРМАЦЕВТИ, НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ 25 СЕПТЕМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИТЕ.

WEB Телевизија во живо

25-ти Септември се слави како Светски ден на фармацевтите. Фармацевтската дејност во Гевгелија почнала да се развива веднаш по Првата светска војна, кога доктор Анасташевиќ ја отворил првата аптека која работела се до 1941 година. Во 1928 година доктор Анасташевиќ изградил нова современа аптека, каде во 1937 година се вработува и вториот дипломиран фармацевт Ѓорѓе Јанешлиев. Оваа аптека била добро снабдена со лекови.
 
Во 1966 година во Гевгелија е изградена нова современа аптека во која се вработуваат повеќе магистри и техничари, која работела се до распадот на СФРЈ.(од Монографијата за Гевгелија)
Инаку важноста на фармацевтите во современиот живот е огромна. Од истражување и развој, преку ставање во промет, производство, дистрибуција и издавање на лековите до апликација, следење на терапијата и советување, не случајно секогаш е присутен фармацевтот. Секогаш во аптека, но и во болница, фармацевтот со своето експертско знаење и вештини, обезбедува фармацевтска грижа со точни информации и совети за превенција од болести, здравствена заштита и рационална употреба на лекови. Тука е за секој пациент да го добие вистинскиот лек во вистинско време. Почитувани, нека ви е среќен 25 септември, Светскиот ден на фармацевтите!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *