ПЕАЧКАТА ГРУПА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА НАСТАПИ НА 36-ТЕ ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ

WEB Телевизија во живо

Традиционалните 36. Охридски староградски средби се одржаа на 13-ти септември пред платото на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид.
Во рамки на програмата настапија градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид, ЗП Градски Хор – Штип, Вокален Октет – Прилеп, Ансамбл „Вања Лазарова“ – Скопје, ЗП Пеачка група Гевгелија, ВПГ „Ѓердан“ – Штип и КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца.
Гевгелиската пензионерска пеачка група пред опхриѓани се претстави со: „Сношти минав покрај рајската градина“, „Јана грло заболело“ и „Софка на татко“-сценска изведба.
Средбите и оваа година го презентираа програмскиот квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *