НА 47. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПОКРАЈ ДРУГИТЕ ТОЧКИ ЌЕ СЕ НАЈДАТ И ИМЕНУВАЊЕ НОВА КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 7-НОЕМВРИСКИ НАГРАДИ, ОДЛУКА ЗА ПОДИГАЊЕ СКУЛПТУРА НА ИЛИЈА ЏАЏЕВ, КАКО И СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА!

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на 20 септември 2024 година, ќе ја одржи својата 47. седница, на која што ќе разрешува и именува членови во неколку постојани Комисии на Советот на Општина Гевгелија. Исто така, Советот на Општина Гевгелија ќе именува нов претседател и нови членови на Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „Седми ноември“.
Предвидено е и донесување Одлуки за подигање на спомен-обележје – скулптура на Илија Џаџев и доделување 10 стипендии на студенти во прва година запишани на Машинските и Еектротехничките факултети во Република Македонија. Советот ќе расправа по Предлог-измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, по измените и дополнувањата на Општинските програми за 2024, согласно ребалансот на Буџетот, како и по измените и дополнувањата на Финансиските планови за работа на образовните и културните институции за 2024 година. На 47. седница, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, да одговора на советнички прашања. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *