МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ:

WEB Телевизија во живо

„ИМАВ ОГРОМНА ЧЕСТ ШТО СО МОЈАТА ИЗЛОЖБА ВО НИШ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ ИМ ДОНЕСОВ МАЛ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ТВОРЕШТВО!

По повод 8 септември, денот на македонската државност, во Ниш, Република Србија, на 9. септември беа свечено отворени единаесеттите „Денови на македонската култура“ во преполната Галерија на Нишкиот културен центар. Организатор на оваа манифестација која ќе трае од 9-ти до 20-ти септември е Здружението на Македонците „Вардар“ од Ниш.

Честа да ја отвори оваа манифестација и припадна на уметницата од Гевгелија, Мирјана Крстева Массети, која пред љубителите на уметноста во Ниш се претстави со своите 20 цртежи.

Во изјава за весникот „Вечер“, македонската уметница, м-р Мирјана Крстева Массети ни ги искажа своите импресии од отворањето на нејзината самостојна изложба:

„Ми претставуваше особена чест и огромно задоволство да ја прифатам поканата на Здружението на Македонци-„Вардар“ од Ниш и со мојата изложба да биде отворена оваа културна манифестација. На нашите македонци им порачав дека со оваа изложба им носам само еден мал дел од прекрасната Македонија и мојот завет дека и во иднина ќе работам на глорификацијата на македонското „Јас“ низ моето творештво кое покрај другото, е исполнето со мојата страст и љубов што ја носам во себе. 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *