ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Со положување цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Гевгелија денеска беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.
Делегации на Здружението на борците и граѓаните продолжувачи на традициите на НОАВМ , на претставници од политичките партии и здруженија на граѓани, денеска положија цвеќе и изразија почит кон сите оние што ги вградиле своите животи во темелите на Република Македонија и кон генерациите кои придонеле за нејзината независност и развој.
„Пред 33 години, на 8 септември 1991 година, на спроведениот референдум, македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава, пред присутните истакна Ангел Алчинов, секретар на Здружението на борци и граѓани продолжувачи на традициите на НОАВМ.
Преку славниот Илинден 1903 година и државотворниот АСНОМ 1944 година како предвесници стигнавме до 8-ми Септември 1991 година кога одлучно се определивме за сопствена независност, зачекоривме во новото време, новите видици и хоризонти, новите патишта на општествено политичките и економските односи.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *