ДЕНЕСКА Е ОТСЕКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

WEB Телевизија во живо

Православните христијани денес го слават празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител, што секоја година се празнува на 11 септември, а кај народот е познат под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен и други.
Свети Јован Крстител ужива голем култ кај верниците во христијанскиот свет и оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ.
Како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни и народни свечености.
Православните верници за овој ден држат строг пост, не се јаде не само мрсно туку и риба и масло. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *