ДА НЕМА ДИЛЕМИ КАЈ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ ОД 2.500 ДЕНАРИ СЕГА И ВО МАРТ ВЛЕГУВА ВО ПЕНЗИСКАТА ОСНОВИЦА.

WEB Телевизија во живо

Со септемвриската пензија што ќе се исплаќа во октомври, повеќе од 340.000 пензионери ќе добијат зголемување по 2.500 денари. Собранието ги донесе законските измени што го овозможуваат ова зголемување, надвор од законската методологија. Следно исто такво зголемување, ќе има во март наредната година.
Но, на многу пензионери им остана нејасно дали ова е еднократно зголемување, или пак, ќе им влезе во основицата.
Сега веќе нема дилеми, според законските измени, кога ќе се врати стариот метод на усогласување на пензиите, од 1 септември 2025 година, сите пензии веќе ќе бидат зголемени за 5.000 денари и така зголемената пензија ќе биде основица за усогласувањето со трошоците за живот и со растот на платите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *