ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈПР ПЛАНИРА ПОСТАВУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ПОЛНАЧИ ЗА ВОЗИЛА ВО СИТЕ 10 ОПШТИНИ, ОД КОИ 2 ВО ГЕВГЕЛИЈА.

WEB Телевизија во живо

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион планира да инсталира полначи за електрични возила во сите 10 општини од овој дел на Македонија.За таа цел веќе е изготвена и обемна техничка документација, прва од таков тип во државата.
Според проекциите планирано се вкупно 20 такви станици од кои 5 ќе бидат во Струмица, 3 во Радовиш, по 2 во Гевгелија, Босилово, Богданци и Ново Село и по една во Валандово , Конче и Василево.
 
Полначите ќе бидат со моќност од 150 kW, а максималното време за полнење на едно возило е 25 минути. Од центарот најавуваат дека веќе лоцирале средства за првите шест станици и наскоро најавуваат постапка за нивно обезбедување.
Реализацијата на проектот нема да значи само модернизација на регионот и обезбедување на одржливи транспортни решенија, туку и намалување на загадувањето на животната средина и одобрување на туристичкиот потенцијал.
 
Проектот се реализира so поддршка на министерството за локална самоуправа и во соработка со УНДП, шведската агенција Сида, и бирото за регионален развој. Истиот е дел од првиот повик на УНДП за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти и е оценет како најдобар меѓу 69 апликанти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *