ЦЕЦА ИЛИЕВА НА ПРИЕМОТ ВО АМБАСАДАТА НА МАЛЕЗИЈА ВО БУДИМПЕШТА, А ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА МАЛЕЗИЈА ПРЕД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ПРЕТСТАВЕНА КАКО НОВА ПОЧЕСНА КОНЗУЛКА ВО МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Во Будимпешта, во хотелот „Мериот“ на свечениот прием од амбасадата на Малезија во Унгарија,а по повод Националниот ден на Малезија, 16 септември, пред Унгарските власти и дипломатскиот кор, беше претставена новата почесна конзулка на Малезија во Македонија, Цеца Илиева.
Како што веќе информиравме, пред извесно време, во Министерството за надворешни работи во Скопје, Н.Е. Амбасадорот на Малезија во Будимпешта, Francisco Munis, и ја предаде нотата од Малезиската влада на Цеца Илиева, сопственичка на стопански фирми во Гевгелија, со која таа се назначува за почесен конзул на оваа земја во Република Македонија.
„ Ова е голема чест, не само за мене, туку и за Република Македонија, како и за Општина Гевгелија, ни изјави тогаш Илиева кога ја побаравме за нејзин коментар.
Од порано имавме воспоставено комуникација,заедно со мојот сега веќе покоен сопруг, Пејчо Илиев, со амбасадорот од Малезија во Будимпешта и со некои стопанственици од оваа земја. Амбасадорот , Francisco Munis, ја препознал мојата енергија и менаџирање со нашите фирми во Гевгелија, па на негово инсистирање, седиштето на конзулатот ќе биде токму во нашата општина Гевгелија. Мислам, дека ова ќе биде одлична можност, за започнување на една поинтензивна економската соработка помеѓу Македонија и Малезија, од која корист ќе имаат и двете земји. “
Како што информираше Илиева, кон крајот на годината се очекува во Гевгелија да биде отворен Почесниот конзулат на Малезија во нашата земја.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *