18 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ.

WEB Телевизија во живо

„САМО АКО ИМАМЕ НЕШТО ЗА СЕЌАВАЊЕ, САМО ТОГАШ ЗНАЕМЕ КОЛКУ ВРЕМЕ СМЕ БИЛЕ ЗАЕДНО И КОЛКУ ВРЕМЕ СМЕ ЖИВЕЕЛЕ И ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО БРАНИМЕ ТОЈ ЖИВОТ.“

Ама секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник. Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои. Така кажуваат и народните песни. Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда. Некој војвода има речено: за да станеш предавник, доволно е да си Македонец. Ништо не ти треба друго и ништо повеќе. Господ да ни е на помош, би рекол, зашто и нашиот господ е шпион…“
Извадок од „Небеска Тимјановна“, 1988 година
Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи, а неговото творештво е разновидно и опфаќа романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Еден од неговите најпознати романи е „Пиреј“, кој македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, додека збирката „Дениција“ се смета за химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.
Со неговото заминување книжевниот свет изгуби еден од најголемите прозаисти, поети и драмски автори во поновата македонска историја. Македонија го изгуби бардот чии дела оставија траен печат на нашата модерна литература и книжевност. Академик Андреевски несомнено е дека ќе остане светилник на патот во понатамошното чекорење и опстојување како народ и држава.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *