ПОЕТСКАТА ЗБИРКА НА ПЕПИ СТАМКОВ, „СОБРАНИ ОСТАТОЦИ ОД СВЕТОТ“ ВО ПОТЕСЕН ИЗБОР ЗА НАГРАДАТА „АНТЕВО ПЕРО“

WEB Телевизија во живо

На Конкурсот за седмото доделување на наградата „Антево перо“, за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик што го распишува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, пристигнале 75 поетски збирки, од кои во потесниот избор се влезени 12.
На Конкурсот пристигнаа 75 поетски збирки кои имаат разноликост, креативност и особена автентичност и уникатност во поетскиот израз од автори од Македонија, Италија, Австралија, Србија, Германија, Грција и Канада.
 
Жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), во изминатиот период темелно ги разгледуваше и анализираше пристигнатите збирки. На својот прв состанок по завршувањето на Конкурсот, по плодната дискусија, жирикомисијата издвои 12 поетски збирки кои се во поширок избор за наградата „Антево перо“ и тоа:
 
Тони Попов – „Ми се чини дека некаде слушнав дете“, Борче Грозданов – „Акростихови“, Шифра: И камен и цвет – „На каменот“, Пепи Стамков – „Собрани остатоци од светот“, Ирена Бабамова Стојчева – „Сивка: геометрија на болката“, Сашо Димоски – „Музеј на заборавот“, Елизабета Тодороска – „Збирка“, Даниела Андоновска Трајковска – „Царски рез на небото“, Шифра: Цреша – „Скршена тишина“, Шифра: Суштина – Анатомија на скриената болка“, Агрон Усеини – „Каде што се раѓаат сенките“ и Емилија Матаничкова – „Парченца Македоноверзум“. Редоследот на номинираните е според нивното пристигнување на електронската адреса.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *