НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1963 ГОДИНА, УМРЕ ЃОРЃИ АБАЏИЕВ, МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ,ИСТОРИЧАР И ПУБЛИЦИСТ,РОДЕН ВО СТАР ДОЈРАН 1910 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопејата на Ножот„“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Уште како дете со неговите родители, за време на Првата балканска војна, се преселил во Горна Џумаја (Благоевград). Таму завршил основно образование и гимназија. Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија.

Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) заедно со Никола Вапцаров, Антон Попов, Ангел Жаров, Тодор Јанев, Кирил Николов, Асен Ведров, Антон Великов, Иван Керезиев и Васил Александров. Подоцна стануваат членови Коле Неделковски и Венко Марковски, и член на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). 

По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *