ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ПРИВЕДЕН ПОРАДИ КРАЖБА ВО СТАР ДОЈРАН

WEB Телевизија во живо

На 13.08.2024 во 15.20 часот во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија-Полициско одделение Нов Дојран го лишиле од слобода Т.А.(40) од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари. Т.А. бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Кај него биле пронајдени одземените пари, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *