27 ГОДИНИ ОД ТРАГИЧНАТА СМРТ НА ПРИЦЕЗАТА ДИЈАНА

WEB Телевизија во живо

Денес се навршуваат 27 години од смртта на принцезата Дијана, првата сопруга на Чарлс, принцот од Велс и најстариот син и наследник на кралицата Елизабета Втора. Иако ја нема повеќе од две децении, таа сепак е една од најважните кралски фигури во модерната историја, во врска со која има многу шпекулации – од фактот дека нејзината смрт е трагична несреќа, до фактот дека сè било планирано и договорено.
 
Принцезата Дијана важеше за една од најблагородните жени во тогашната Велика Британија. Била вклучена во добротворни цели и секогаш била скромна и љубезна. Јавноста ја обожаваше, а модните критичари и стилисти се восхитуваа на нејзините комбинации на облека и ја нарекоа муза. Таа беше запаметена и како првата жена што прегрна маж кој страдаше од ХИВ на националната телевизија, во време кога ваквите теми сè уште беа табу.
 
Според официјалните информации, автомобилот на Дајана во кој се наоѓал нејзиниот тогашен партнер Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол, удрил во еден од столбовите на тунелот во кој поминале за време на нивниот одмор во Париз на 31 август околу полноќ. Возачот и Доди загинале на самото место.
Нив ги придружуваше телохранителот Тревор Рис Џонс, кој беше единствениот преживеан од несреќата, додека Дијана почина четири часа подоцна во болница.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *