ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ, ДАРКО ПРОШЕВСКИ, КИМО АРНАУДОВ И СТОЈМЕНОВ СТАНИСЛАВ УЧЕСТВУВАА НА ТРКАТА „ТИТОВ ВРВ SKYRACE“

WEB Телевизија во живо

На оваа прва трка која е сертифицирана со должина од 20 километри и висинска разлика од 1900 метри, на која се појавија над 90 натпреварувачи од Макледонија, Шведска, Косово, Словачка, Грција, Полска и Албанија, учество зедоа гевгелиските атлетичари Валентина Узунова, Методија Ичев, Дарко Прошевски, Кимо Арнаудов, и Станислав Стојменов, кој за жал се откажа поради прехлада.

„Титов Врв Скајрејс“ претставува екстремна високопланинска трка, со вкупна должина на патеката од 20 километри и висинска денивелација од 1.900 метри (искачување и спуштање). Според своите карактеристики, се дефинира како „скајранинг“ натпреварување, а теренот по кој минува е суров и на места каменест. Стартот и финишот на трката се на Попова Шапка на 1.750 мнв, а се искачуваат неколку врвови над 2.500 мнв. меѓу кои и највисокиот на Шар Планина, Титов Врв, со 2.747 мнв. Овој настан се одржува во континуитет од 2019-та година, со веќе реализирани пет успешни изданија, со присуство на домашни и странски натпреварувачи.
 
Оваа трка меѓу другото е и национално првенство и изборна трка од која се формира скајранинг репрезентацијата на Македонија.
„Титов Врв Скајрејс“ е многу повеќе од само спортски натпревар, настанот ги промовира природните и туристичките потенцијали на Национален парк Шар Планина, значењето на природата, планинарството и промоција на планинското трчање преку уживање на бесценети погледи на долините долж патеката.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *