МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОЕКТ „ГЕНЕЗА НА ХРОНИЧНАТА МИСТЕРИЈА“ НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Мултимедијалниот проект насловен ,, Генеза на хроничната мистерија ” на авторот Емил Солески ќе биде поставен во уметничката галерија Амам на 09.07. 2024 (вторник) во 20.30 часот. Проектот е дел од програмата на гевгелиско културно лето.
Мултимедијален триптих
-алегорија за губењето на идентитетот
Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба.
Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет.
 
Концептот предвидува просторна видео интервенција и трансформација, барање нова визија на веќе виден простор.
Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми:
Три архаични форми, ликовни метафори:
Распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја;
Кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони;
Празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско;
Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *