КАРАТИСТИТЕ ОД КК „ГЕВГЕЛИЈА 75“ ОД СЕМИНАРОТ ВО СУТОМОРЕ СЕ ВРАЌААТ СО 2 ЗЛАТНИ, 1 СРЕБРЕНА И 6 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ

WEB Телевизија во живо

ЖИВКО АВРАМОВ ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА ПЛАКЕТА
Каратистите од гевгелискиот карате клуб „Гевгелија 75“ во периодот од 18 до 27 јуни зедоа учество на најстариот карате семинар во Сутоморе, Црна Гора, кој го органиозираше КК „Јошитака“ и Македонската Шотокан Карате До Академија.
 
Гевгелија беше претставена од 9 каратисти предводени од Живко Аврамов, кој воедно беше најстариот учесник на овој традиционален семинар. По повод 50 годишниот јубилеј на овој семинар, како и секоја година, се одржа летна Карате школа, полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот турнир во кати.
 
Каратистите од нашиот град на турнирот освоија две златни, една сребрена и шест бронзени медали, додека Калин Апостолов положи за мајсторски црн појас, први дан и беше прогласен за најдобар учесник од сите кандидати кои полагаа за појаси.
Сенсеи Живко Аврамов, како носител на еден од највисоките мајсторски појаси во Македонија, а воедно и инструктор на 50-та летна карате школа во Сутоморе доби Златна плакета за особен придонес и развој на каратето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *