ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА ВО ЈУЛИ СО МУЗИЧКИ, ЛИКОВНИ И ТЕАТАРСКИ СОДРЖИНИ

WEB Телевизија во живо

Јулската програма за „Гевгелиско културно лето“ ќе биде исполнета со голем број интересни и разновидни содржини за гевгелиските љубители на културата. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, следуваат:
 
– Koнцертот на Школата за гитара, под менторство на Костадин Динев, којшто ќе се одржи на 3 јули 2024 година, пред платото на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:30 часот. Младите членови гитаристи ќе се претстават со подготвен репертоар на музички нумери, со којшто ќе ја одбележат нивната работа;
 
– На 9 јули, Изложба на мултимедијален проект на Емил Солевски „Генеза на хроничната мистерија“, во Ликовната галерија „Амам“- Гевгелија. Отворањето започнува во 20:30 часот;
 
– Завршна изложба на Ликовна колонија „Аполонија 2024 година“, којашто ќе биде поставена на 10 jули, на летната тераса на хотел „Аполонија“. Отворањето е од 20:30 часот. Ќе бидат изложени делата на 10 уметника од: Македонија, Грција, Србија и Турција, кои ќе творат во рамки на традиционалната 21. по ред Меѓународна ликовна колонија „Аполонија“;
 
– Музички перформанс на денс-групата „Дива“- Гевгелија (11 јули), под менторство на Марија Граматикова, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:30 часот. Членовите ќе се претстават со кореографии на музичка подлога од „Мозаик Колектив“ и преку приказната за девојката Утопија ќе ги одведат присутните со отворени очи во земјата на соништата, пренесувајќи им пораки да бидат храбри и да веруваат дека сè е возможно.
 
– Детска театарска претстава „Разгалениот принц“, во продукција на „Театар Хит“, а во режија на Сашо Ристовски. Играат: Mагдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов. На 17 јули, пред платото на Народниот театар, со почеток во 20:30 часот, се работи за претставата којашто ги обработува детските права, но и ги потсетува дечињата на обврските што треба да ги исполнат.
 
– Концерт на Ансамбл „Квинтето“, во состав на Владимир Лазаревски (обоа). Игор Бакревски (кларинет), Кристијан Кожумановски (бас-гитара), Благоја Антовски (тапани) и Марко Виденовиќ (клавијатура). На 22 јули, пред платото на Народниот театар- Гевгелија, гевгеличани ќе имаат можност да уживаат во изведбата на класична музика.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *