УТВРДЕНА ШТЕТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ КУЛТУРИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОД 29.035.339 ДЕНАРИ ОД НЕВРЕМЕТО НА 12 МАРТ 2024

WEB Телевизија во живо

Дождот и градот што на 12 март 2024 година ги зафати населените места: Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Милетково и Богородица предизвика штети на 42.2348 хектари со различни земјоделски култури и посеви. Вкупната штета на ниво на Општина Гевгелија изнесува 29.035.339 денари.

Според Елаборатот за проценка на штетите што го изготви Општинската комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди, а што го усвои Советот на Општина Гевгелија на својата 43. седница, пријави за штети од мартовското невреме пријавиле 55 физички и правни лица, од кои 49 индивидуални земјоделци и 6 компании. Оштетувањата се движат од 20 до 100%, а најголеми штети се предизвикани на лозовите насади.

Советот на Општина Гевгелија, по усвојувањето на Елаборатот, заклучи истиот да се достави до Републичката комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди, до Владата на РСМ и до Министерствата за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истовремено, беше укажано на потребата за анимирање на инидивидуалните земјоделци за осигурување на земјоделските посеви и повторно воспоставување на градобијниот заштитен систем.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *