„РАСПЕАНА ЧАРШИЈА 2024“- УБАВО НАВРАЌАЊЕ ПРЕКУ СТАРОГРАДСКАТА ПЕСНА НА ДУХОТ НА ЕДНО ПОМИНАТО ВРЕМЕ

WEB Телевизија во живо

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во манастирската црква „Свети Спас“ се одржа манифестацијата „Распеана чаршија 2024“ на која настапија: КУД „Распеани гевгеличани“- Гевгелија, Пејачката група на Здружение на пензионери „Сава Михајлов“- Гевгелија, „Ансамблот „Распеани струмичани“- Струмица, Вокална група „Ѓердан“- Штип, Ансамблот „Распеани валандовчани“- Валандово и „Распеани штипјани“- Штип.
 
Духот на едно време кое повеќе го нема, времето на старите чаршии, занаетите и серенадите под пенџери, преку песна го вратија учесниците на оваа традиционална манифестација.
Протоерејот-ставрофор при Гевгелиското Архиерејско намесништво, Љупче Миланов, на отворањето истакна дека македонската песна е една од најубавите молитви за радување и славење на животот, што е доказ за опстојување на македонскиот народ низ вековните искушенија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *