ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН

WEB Телевизија во живо

Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што од денеска ја зафати целата држава.
Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од денеска 19.06.2024 (среда) до 23.06.2024 година (недела), целата територија на Република Македонија ќе биде зафатена од Топлотен бран од портокалова фаза.
 
Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, согласно коишто, за периодот од утре 19.06.2024 (среда) до 23.06.2024 година (недела), е предвидено:
 
1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *