НА ТРКАТА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ, И ОНИЕ ПОГОЛЕМИТЕ И ОНИЕ ПОМАЛИТЕ!

WEB Телевизија во живо

Илјадници професионални и рекреативни тркачи трчаа за Рацин на третото издание на „Трчаме за Рацин“ а во чест на Коста Солев Рацин низ велешките улици со старт и цел кај неговиот споменик кај Гимназијата „Кочо Рацин“.
 
Се трчаа две трки, на 5 и 10 километри, додека во исто време се одржа и веќе традиционалната Детска трка на која учествуваа голем број деца, што го покажува интересот за трчањето и кај најмладите. Организатор беше АК „Борец“ со поддршка на Општина Велес и бројни спонзори.
На овие трки учество зедоа и атлетичарите на АК „7-ми Ноември.
 
Во трката на 10 километри, во женска конкуренција, Валентина Узунова во својата категорија го освои првото место, а во машка конкуренција Дарко Прошевски беше втор во својата категорија.На 10 километри настапија уште и Чучанова Јасмина, Чучанов Ѓорѓе, Петровски Мики, кој го освои 12-то место, Зоран Иванов, Ристо Павлов, Орце Цветков и Благој Темелковски.
 
Во трката на 5 километри настапија Мичева Викторија, Јулија Костадинова, Никола Ковачев, Петар Лешев, Никола Мичев, Игор Коцевски, Џалев Никифор, Крстевски Илиоски Борче, Иванџиков Стојан, Живко Петков, Владимир Димов, Николчо Костадинов и Живко Костадинов.
 
Во детската трка, во категорија до 13 години Максим Ангов го освои третото, Антонио Каракабаков го освои второто место, а во оваа категорија настапија уште и Сани Петкова и Стојан Иванџиков.
Во категоријата од 8 до 10 години настапија Томче Петков, кој го освои второто место додека Ана Бегова беше прва. Во оваа трка настапија и Живко Костадинов, Клара Костадинова и Лешев Митко.
Кај децата до 8 години, Борис николов го освои првото место, додека Стефан Лешев ја помина целта како второпласиран.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *