НА „МОН БЛАН“ МАРАТОНОТ 2024, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 161 ВО КАТЕГОРИЈА И СО ПОКАНА ВО СЕПТЕМВРИ ДА ТРЧА НА УТМБ МАРАТОНОТ НА ИСТОТО МЕСТО

WEB Телевизија во живо

Атлетичарот на Гевгелискиот клуб „7-ми Ноември“, Методија Ичев, учествуваше, уште со двајца маратонци од Македонија на „Мон Блан Маратонот 2024“, кој е дел од Golden trail“ серијата од Светското првенство. Во конкуренција на над 3000 тркачи, Ичев во својата категорија беше на 161 место, додека во генералниот пласман го освои 1035-то место.

Тој е задоволен од својот настап, ни рече во краткиот разговор, затоа што се подготвувал пет дена за оваа треил трка, која е најпосакувана за секој тркач, а во конкуренција на најдобрите светски треил тркачи. Освен тоа, Ичев освои доволен број ИНТЅРА индекс поени за да воопшто настапи на овој маратон. На оваа трка од Македонија освен Методија, учествуваа уште и Дејан Тодевски, кој го тренира Ичев и кој го освои 176 место во генерален пласман, и Корнелија Тодосова, во женска конкуренција.
 
Маратонот Мон Блан е спортски настан организиран од спортскиот клуб Шамони, непрофитна асоцијација основана според францускиот закон од 1901 година. Настанот се состои од различни трчачки натпревари, кои се одржуваат околу Шамони во масивот Мон Блан. Главниот настан е маратонска трка на далечина, наречена 42 км Мон Блан, која е дел од светската серија Златна патека.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *