„МАТИЦА МАКЕДОНСКА“ ЈА ОРГАНИЗИРА НАЈГОЛЕМАТА КНИЖЕВНА ПРОСЛАВА НА ЉУБОВТА ДОСЕГА“

WEB Телевизија во живо

Во чест на 90-годишнината од раѓањето на авторот на „Дениција“, Петре М. Андреевски, следната недела книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја организира најголемата книжевна прослава на љубовта досега.
 
На 12 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“ ќе се одржи големата промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, и двајцата од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На настанот, стихови ќе интерпретира актерот Роберт Вељановски, а ќе има и музичка програма на Драган Мијалковски.
 
„Македонска љубовна лирика“ е книгата што ни ја враќа вербата дека и во нашево време може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст. Станува збор за најобемниот тематски избор од современата македонска поезија, во кој на близу 500 страници се поместени близу 350 најубави љубовни песни од македонски современи поетеси и поети од сите генерации.
 
Ова издание единствено од ваков формат и различно од сите други објавени претходно е книга којашто потврдува дека нема поголема движечка сила од љубовта којашто може да ги обедини различните генерации, поетики и писма, поетеси и поети. Но и којашто ја покажува моќта на македонскиот јазик. Затоа се очекува нејзината промоција да нѐ обедини сите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *