ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ТЕМА ЕФЕКТИВНА КОМУНИКАЦИЈА И ПРИБИРАЊЕ СРЕДСТВА ОД ЛОКАЛНИТЕ РЕСУРСИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија е дел од проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ кој го имплементира Здружението „Конект“ во соработка со фондацијата „Аполонија“, „Индиго“ и ЕВН. Оваа иницијатива има за цел да ги адресира потребите на заедниците во шесте градови каде што се пилотира проектот, вклучувајќи ја и Гевгелија.
 
Во рамките на проектот, првично ќе бидат идентификувани граѓански организации кои имаат потенцијал да служат како „јадра“ за граѓаните да може да се вклучат активно во идентификување на проблемите и потребите на локалните заедници и да воспостават партнерства меѓу граѓанските организации, приватниот сектор и општините со цел да се искористат сите локални ресурси во подобрувањето на живеењето во општините.
 
Освен локалните акциски јадра, на општините ќе им се обезбеди платформа за граѓанско учество „Комунити“ која овозможува директна комуникација меѓу граѓаните и општините околу решавањето на идентификуваните приоритети на заедницата. Целта е да се зајакне и олесни собирањето средства од локални донатори за овие иницијативи на инклузивен, ефективен и одржлив начин.
 
Работилницата ќе се одржи на 26-27 јуни 2024 година во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Покрај Гевгелија, во првата фаза од проектот ќе бидат вклучени и општините Охрид, Гостивар, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *