НА 3 МАЈ ПРЕД 80 ГОДИНИ Е УТВРДЕНА МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА СО 31 БУКВА

WEB Телевизија во живо

На 3 мај 1944 година Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесла решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква.

Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.
Во македонскиот литературен јазик, според одредбата, треба да се установат оние форми од централните говори што во најголем степен ќе ги поврзат сите наши говори и ќе бидат лесно приемливи за луѓето од сите наши краишта.
Во македонскиот литературен јазик треба до најголем степен да се изрази неговата народна основа. Речникот на литературниот јазик да се обогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат нови зборови со живи наставки и само колку што е потребно да се усвојуваат и туѓи заменки.
 
Македонската азбука да биде составена од толку букви колку што има гласови во литературниот јазик. Правописот да се изработи врз фонетскиот принцип.
Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков.
Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал официјален јазик на Народна Република Македонија во 1944 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *