Д-Р СОФИЈА ГУГОВА ПЕЕВА :

WEB Телевизија во живо

БЕСПЛАТНИ ДЕРМОСКОПСКИ ПРЕГЛЕДИ НА 30 И 31 МАЈ 2024 ВО АМБУЛАНТАТА ЗА КОЖНИ И ВЕНЕРИЧНИ БОЛЕСТИ ВО ОПШТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА
 
По повод Европската кампања за рана детекција на ракот на кожата, Амбулантата за кожни и венерични болести при Општата болница со проширена дејност Гевгелија организира бесплатни дермоскопски прегледи.
Како што не информираше д-р Софија Гугова Пеева, прегледите ќе бидат на 30 и 31 мај, (четврток и петок), во амбулантата по Дерматовенерологија, од 11 до 14 часот, без предходно закажан термин.
Овогодинешното мото на европската кампања Еуромеланома 2024, потенцираше Гугова Пеева, е УЧИ И ЖИВЕЈ, ЗНАЕЊЕТО Е ЖИВОТ, како и зголемување на грижата за сопствената кожа.
 
Многу е важно да се познава сопствената кожа и да се набљудува редовно со цел навремено откривање на сомнителни промени за рак на кожа.
Иако ракот на кожата е се уште многу редок кај младата популација, за жал станува се почест во последните години. Затоа е многу важно да се знае кои се сомнителни знаци : менување на големината, бојата и формата, промената е поинаква од останатите, асиметрична е, крварење од истата, личи на рана која не зараснува.
Навремениот преглед спасува живот. Со превентивните прегледи освен преглед се прави и едукација и се дават корисни совети за фотозаштита од УВА и УВБ зраците, истакна д-р Гугова Пеева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *