ОВАА ГОДИНА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ НА 28-МИ АПРИЛ

WEB Телевизија во живо

5 мај, Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија, во Гевгелија ќе се одбележи со концерт и трчање. Настанот ќе се одржи на 28-ми Април 2024 година. Според најавите, во 11:00 часот ќе започне културно забавен настан на плоштадот во Гевгелија, додека во 12:00 часот ќе се одржи трка во чест на некогашната претседателката на Асоцијацијата на пулмонална хипертензија на Македонија, „Момент плус“, Ѓургица Ќаева, која пред четири години ја изгуби битката со оваа подмолна болест. Учесниците во оваа трка ќе истрчаат 5 километри од патеката Милци до центарот на градот.
 
Ѓуѓица Ќаева беше борец и активист за правата на пациентите кои боледуваат од Пулмонална хипертензија и таа вака зборуваше до последниот здив:
„На 5 Мај на Светскиот ден за Пулмонална хипертензија, нема да барам од министрите да трчаат со нас, затоа што немаме ист маратон, нема да барам да ги офарбаaт пурпурни зградите, па и цела Македонија да ја офарбаат тој ден, се е тоа џабе. Затоа што, тоа е нешто како цреша на торта и кое се прави во држави каде пациентите имаат се, од третман, до социолошка, психолошка подршка, социјално подржани.
До последен здив ќе се борам и зборувам.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *