СЛОБОДАНКА СПАСИЌ, СЕКРЕТАР НА ОО ДОЈРАН НА „ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА“ И ПОРТПАРОЛ ЗА ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН:

WEB Телевизија во живо

„БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ ГРАЃАНИ ОД ОВИЕ ТРИ ОПШТИНИ КОИ СО СВОИТЕ ПОТПИСИ ЗАСТАНАА ЗАД НАШИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ГОСПОДИНОТ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ“.
 
Во денешната изјава за медиумите, портпаролката на “Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, за општините Гевгелија, Богданци и Дојран, од се срце им се заблагодари за огромната поддршка што граѓаните на овие три општини ја дадоа изминатите 4 дена за кандидатот за Претседател на Република Македонија, Максим Димитриевски. 
 
Како што денес соопшти самиот Димитриевски, собрани се над 10.000 потписи, со што е официјализирана неговата кандидатура за учество на претстојните избори за Претседател на Македонија, како кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
„Со оваа ваша поддршка, рече Спасиќ, вие ни докажавте дека сме на вистинскиот пат, а нашиот пат и единствена цел е да ја вратиме Македонија на граѓаните“
 
„Се надеваме, истакна таа, дека оваа ваша поддршка ќе расте секојдневно и дека на наредните претседателски и парламентарни избори ќе извојуваме заедничка победа“
„Ние мораме, заврши Спасиќ во својата изјава, да го вратиме достоинството и гордоста на секој македонец, да си ја сакаме државата и да бидеме горди на неа. Република Македонија заслужува вистински татко на нацијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *