ДЕНЕС СЕ СЛАВАТ ТРИ ПРАЗНИЦИ ВО ЕДЕН: СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ, НОВА ГОДИНА И OБРЕЗАНИЕ ХРИСТОВО. СЕ КРШИ ЛЕПЧЕ И СЕ ЈАДЕ МЕД

WEB Телевизија во живо

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Според Светото Писмо, Исус Христос ги зел врз себе гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на чистење од првобитниот грев.

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Многу обичаи и ритуали се поврзани со овој празник, некаде наречен и Мал Божик, за кој се смета дека е крај на Божикните празници.
Се верува дека на денот на Свети Василиј не треба да се расправате, затоа што во спротивно ќе бидете баксуз цела година, додека во некои делови се верува дека треба да бидете особено претпазливи да не бидете измамени. Денес, за здравје е добро да каснете една лажичка мед.
 
Во некои делови се верува дека ако врне снег или е облачно на овој ден, годината ќе биде плодна.
Во многу места низ Македонија се крши лепче со паричка, а најсреќниот ќе има година полна со здравје и успеси.
За ручек, на Василица ќе биде завртен „мазникот“ со среќната паричка за да видат кој ќе биде најсреќниот во текот на целата година. Инаку, барањето на среќната паричка е до Водици, 19 јануари, кога завршуваат некрстените денови. Тогаш, се вели, се отвора небото и се исполнуваат желбите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *