ПИОНЕРИТЕ НА ФК „КОЖУФ“ ЕСЕНСКИ ПРВАЦИ ВО ТРЕТАТА ЛИГА ПИОНЕРИ И ТРЕТАТА ЛИГА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ

WEB Телевизија во живо

Како што денот по утрото се познава, така и иднината на еден фудбалски клуб во многу нешто зависи од квалитетот на пионерските и младински екипи кои настапуваат во тој клуб. А судејќи според резултатите на двете пионерски екипи, „Кожуф“ не треба да стравува за својата фудбалска иднина.
 
Изминатиот викенд завршија натпреварите во двете пионерски лиги од Третата фудбалска лига на Македонија. На стадионот во Мрзенци, двете екипи на ФК „Кожуф“ убедливо ги совладаа своите врсници од тимот на „Саса“ од Македонска каменица.
Така, во првиот натпревар, Помладите пионери на Кожуф, под водство на искусниот тренер Коки Филипов го совладаа противникот со 3-0, и со 29 бодови и без пораз го освоија првото место во есенскиот дел. 
 
За овој тим настапуваат следните играчи:
Петков Тодор, Чанов Ѓорге (капитен), Јанев Томе, Митров Мите, Ќириќ Спасе, Рековиќ Филип, Пешевски Теодор, Паласкаров Илија, Наумовски Христијан, Павлов Илија, Јаневски Лазар, Бајрактаров Александар, Стефановиќ Немања, Јанкулов Јани, Гошевски Стефан и Филипов Атанас.
Во вториот натпревар Пионерите на Кожуф беа уште поубедливи, совладувајќи ги „колегите“ од Македонска каменица со 6-0, водени од одличниот и мотивиран тренер Виктор Кангов, па и тие, со само еден пораз и со 24 бодови станаа есенски прваци.
 
Играчите кои го остварија овој успех се:
Јован Јанев, Аврам Боев, остадин Линков, Стефан Ѓорески, Петар Филипов, Бојан Боев, Живко Прочков, Лазар Дучков(капитен), Благоја Атанасов, Димитар Дуев, Александар Чурлинов, Михаил Петров, Стефан Гоцков, Илија Панов и Петар Цуклев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *