ОДРЖАН ВТОРИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ВО ПЛИВАЊЕ ЗА ЛИЦАТА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ

WEB Телевизија во живо

Спортското друштво ИТК Македонија и пливачкиот Клуб „Атлантида“ го организираа вториот инклузивен пливачки натпревар „Atlas Winter Cup”. Сите пливачи и пливачи со атипичен развој пливаа во име на заедништвото и солидарноста и настапуваа во сите пливачки дисциплини и возрасни категории. Инклузијата на натпреварот највисоко се достигна со штафетните трки каде пливачите пливаа во мешани тимови заедно со лицата со атипичен развој.
 
„Овој натпревар, пред се, ќе го поттикне масовното вклучување на младите и интеграцијата на лицата со атипичен развој, а ќе го претстави вистинскиот карактер на лицата со помалку можности. Овој е единствен натпревар од ваков тип во земјава со гости од целиот Балкан. Се надеваме в година ќе се прошири на ниво на европски и светски натпревар. Ваквите настани ќе помогнат кон развој на спортот во целост, а особено кај параолимписките спортови“, вели Радован Вељановски, главен координатор по пливање за лицата со атипичен развој.
 
Сузана Стојановска, претседател на Здружението за интеграција на лицата со Даунов синдром „Доза Среќа” и мајка на дете со Даунов синдром, неизмерно е среќна што лицата со атипичен развој, на вакви настани, може да покажат дека и тоа како умеат да се натпреваруваат.
„Би сакала да ставам акцент на подобрување на целокупното здравје кое го имаат лицата со посебни потреби од редовните тренинзи. Преку вклучување во спортот значајно го зајакнуваат својот карактер, дисциплина и самодоверба која им дава мотив да продолжат со продуктивни активности во секојдневието. Социјалниот и инклузивен карактер на овој натпревар е од уште поголемо значење затоа што доколку нашето општество продолжи со поголема интеграција на маргинализираните групи, може да се надеваме на посветла иднина“, додава Стојановска.
 
Претседателот на Спортското Друштво ИТК Македонија, Мартин Мојсовски апелира да се направат промени во начинот на размислување кон проблемите и сопствената емпатија.
„Сакаме да го промениме начинот на размислување кај сите нас, да се обидеме да ги гледаме проблемите преку призмата на другите и да ја развиеме сопствената емпатија. Не постои човек кој самостојно без никаква причина сака да се оттргне од општество и да опстојува сам. Ние луѓето сме социјални суштества и најдобро функционираме заедно. Една од нашите цели е да се обидеме што помасовно да ја развиеме свеста за сопствената и групната благосостојба. Спортот е нашата алатка и ја корисите максимално за зголемен бенефит на целото општество“ изјави Мојсовски.
Главен покровители на „Atlas Winter Cup” е „EU Civil Resilience Mechanism“, а значаен придонес кон овој настан имаат меѓународната „Организација за економски развој (OIDE-IOED)” и Комерцијална Банка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *