НАД 50 ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАА НА ТРКИТЕ НА 5 И 10 КМ. НА ТРКАТА „NOVEMBER RUN 2023“

WEB Телевизија во живо

Иако уште не се средени сите впечатоци од денешниот атлетски празник во Гевгелија, слободно може да кажеме дека за она што го направи организаторот АК „7-ми Ноември, заедно со Општина Гевгелија и многуте спонзори, како и волонтери, може да се опише со зборовите незаборавно и фантастично. Се функционираше беспрекорно како часовникот со кој се мереше и патеката, кој покажа дека отстапувањето е само 10 сантиметри.
 
Атлетскиот клуб освен што може да се пофали со беспрекорната организација, учествуваше со над 50 атлетичари, свои членови, на двете трки, на 5 и 10 километри, во машка и женска конкуренција. Не сакајќи да правиме ранг листа на постигнатите времиња на секој од нив, само ќе ги издвоиме оние кои постигнаа најдобри времиња.
 
На трката за Државното првенство на 10 километри, во женска конкуренција најдобро време постигна Валентина Узунова, која го освои 19-то место, додека кај мажите, најдобро пласиран е Стојан Делев, на 54-то место.
Инаку, оваа трка ја завршија 512 атлетичари во двете конкуренции.
 
На трката на 5 километри, во женска конкуренција, најдобро време оствари Кристина Узунова, пласирајќи се на 13-то место, а кај машките најбрз беше Влатко Семенаков, кој со постигнатото време се пласираше на одличното 12-то место.
638 натпреварувачи ја завршија оваа трка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *