МЛАДИОТ АТЛЕТИЧАР МАКСИМ АНГОВ ПРОДОЛЖУВА СО ПОБЕДИТЕ

WEB Телевизија во живо

За десетгодишниот Максим Ангов, член на АК „7-ми Ноември“, пишувавме пред извесно време кога настапи во Солун на трката на 5 километри, кога зад себе остави и повозрасни тркачи.
На минатонеделната трка „Новембер ран 2023“ која се одржа во Гевгелија, Максим повторно доминираше, и на трката на 1 километар, во втората категорија, за деца родени до 2013 година, тој го освои првото место.
Неговиот тренер, Тодор Анчев не информираше дека веќе оваа недела, на 12 ноември, тие патуваат во Врање, Република Србија, каде ќе учествуваат на 4-oт Врањски полумаратон. Максим ќе трча на 1 километар, додека Тодор ќе настапи во штафетната трка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *