КАТЕРИНА КАРКАЛАШЕВА, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ДИЈАБЕТИЧАРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН:

WEB Телевизија во живо

„ГО ПРАШУВАМЕ ЈАВНО МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ЗОШТО ПОВЕЌЕ ОД ДЕСЕТ МЕСЕЦИ СМЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГЛУКОМЕРИ, ЛЕНТИ И ТАБЛЕТАРНА ТЕРАПИЈА?
 
„Како дијабетичари сме заморени од ветувањата дека ќе се реши проблемот со набавката на терапија и помагала. Ние, потенцираше таа сè уште од џеб плаќаме за да се лекуваме. Во нашите три општини се регистрирани над 5.000 дијабетичари, 1200 на инсулин, од кои 40 деца до 18 годишна возраст.Иако инсулинот е бесплатен, за антидијабетната терапија, таблетите за кардиоваскуларниот систем и глукомери, месечно за еден пациент со дијабетес семејството треба да оддели околу 200 евра,
Вака го почна своето излагање претседателката на Здружението на дијабетичари од Гевгелија, Богданци и Дојран, Катерина Каркалашева, пред членовите на Здружението и граѓани на општина Гевгелија, кое се одржа по повод светскиот ден на дијабетесот, 14-ти ноември.
 
Понатаму, таа продолжи
„И оваа година, како и многу години наназад оставени сме сами на себе, без поддршка од оние од кои гарантирано треба да ја имаме. Ние, како Здружение и како пациенти со доживотен дијабет Ве прашуваме Вас министре, зарем толку малку вредат нашите животи, и зарем ние сите не сме нечии деца, сестри, браќа, родители, баба, дедо, кои сакаме да живееме нормален живот како и сите други?
Повеќе од десет месеци сме оставени без основните помагала кои се важни за нашето здравје, за нашиот живот, без глукомери и ленти за мерење на шеќерот во крвта. Без нив ние не можеме да аплицираме точна доза на инсулин, да направиме потребна корекција а воедно и пресметка за количината на оброците.
 
Пациентите со дијабет 2, оставени се без потребната таблетарна терапија со „Оземпик“ и „Јадриан“, кои приватно да се купат се многу скапи, а Фондот за здравство не ги рефундира потрошените средства. Овие пациенти се оставени без нови апарати за мерење на гликемија, кои беа предвидени со новиот тендер од 2023 година.
Како претседател на нашето Здружение, а воедно и пациент со тип 1 дијабет и инсулино зависен, сакам да ги спомнам и проблемите кои ги имаме на општинско ниво. Апелираме јавно и до Општата болница со проширена дејност во Гевгелија под итно да едуцираат поголем број на медицински персонал за едукација на дијабетичарите, за броење на јаглените хидрати и планирање на правилната исхрана на пациентите. Потребна е едукација посебно за постарите пациенти со дијабет за правилно аплицирање на инсулинската терапија.
Исто така, потребно е што побрзо ставање во функција на апаратот за доплер на екстремитетите, кој што е набавен од поодамна.
На крајот, истакна Каркалашева, ова го зборувам се однесува на 45.000 пациенти кои се инсулино зависни во Македонија, вклучувајќи ги тука и 90.000 пациенти кои се на таблетарна терапија.“
 
На граѓаните, и на јавноста, им се обрати и Гордана Јанева, мајка на малолетно дете кое има дијабет тип 1:
„Ги повикувам сите лица со дијабетес, без разлика дали имаат дијабетес тип 1 или 2, родители на деца, семејства, да ја поддржат нашата борба и заеднички да се избориме за подобро утре кое го заслужуваме сите, ние, родителите и нашите деца, сите лица со дијабетес. Тоа што го започнавме тука, треба да го продолжиме насекаде, заеднички да ја поддржиме иницијативата за набавка на помагала – инсулински пумпи и сензори за сите лица со дијабетес тип 1: децата и лицата со 18 години, млади и адолесценти, лица над 18 години, пензионери, никој да не биде без потребните помагала.
 
Дијабетесот не познава години и граници, сите сме еднакви во оваа борба и сите заслужуваме олеснување, подобар третман, подобра опрема и помагала, а со тоа и подобар живот. Треба да се истакне историскиот напредок и успех на Асоцијацијата за детски дијабетес – Баланс. мк и напорите нашите деца за почеток да имаат сензори обезбедени од страна на државата, целиот труд и вложено време, деновиве ги видовме како резултат на Детската клиника во Скопје. Нашите мали херои, нашите деца почнаа да ги добиваат сензорите за 24 часа следење на шеќерот во крвта, веруваме дека тоа ќе им го олесни животот секојдневно и се надеваме дека ова решение ќе остане така. Се надеваме дека ќе добиеме поддршка на иницијативата сите лица со дијабетес тип 1 да ги добијат помагалата, за да ги спречиме тешките последици од дијабетесот.“
 
На крајот на средбата Кристијан Алчинов, член на Здружението, одговараше на повеќе прашања од присутните Марија Џалева Петрова, Сузана Костова и Јадранка Шуклева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *