МИКРОВЕРЗУМ-НОВА СОЦИЈАЛНА ИГРА ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ

WEB Телевизија во живо

Неодамна, кај нас излезе нова игра со карти. Но, наместо знаци и правила, на картите има прашања. Правила нема. Освен безусловна искреност. Суштината е подобрена комуникација помеѓу соиграчите. Идеална е за двајца , другари/ки, но и за поголеми групи – друштво, семејство итн. Се работи за играта Микроверзум.
 
Во време кога најголемото внимание ни е насочено кон телефоните и туѓите животи, некако како да подзаборавивме на своите и на блиските околу нас.
Играта “Микроверзум” содржи две нивоа поделени во два шпила карти со 120 прашања и е добро решение за многу пригоди и возрасти. Особено за оние кои периодов се наоѓаат на важни раскрсници. Во играта има прашања за себеанализа, поврзување со себе и соиграчот, но и такви кои имаат потенцијал да менуваат перспективи.
 
Ниво 1 „Запознавање“ и Ниво 2 „Поврзување“. Секое од нив содржи по 60 карти – 50 прашања и 10 џокери (дејствија).
Во ниво „Запознавање“, ќе најдете прашања кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете соиграчот. Но, и себе. Второто ниво е она за поврзување. Екстремно блиски личности, како лица во долгогодишен брак, сестри, другари од градинка, може и да поминат директно на ова ниво.
 
Играта нема некои правила. Освен дека треба да сте искрени и да се задржите минимум по 3 минути по одговор. Може да извлечете само една карта и на нејзиното прашање да разговарате цела вечер. Може и да си земете секој по 5 и да разговарате меѓусебно.
Оние кои веќе ја играле ја нарекуваат домашна психотерапија. Играта може да ја набавите на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *