МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ НАСТАПИ НА „АСМЛ МАРАТОНОТ ВО АЈНДХОВЕН“ ЗАЕДНО СО 27.000 УЧЕСНИЦИ КОИ ТРЧАА ВО ЕДНА ОД ПЕТТЕ ТРКИ

WEB Телевизија во живо

Мијалчо Андоновски, член на АК „7-ми НОември“ имаше настап на еден од најголемите маратони кои се трчаат во Европа, во холандскиот Ајндховен.
ASML маратонот Ајндховен е познат по брзите патеки и френетичната поддршка на сите тркачи од страна на повеќе од 200.000 гледачи. Различните музички настапи на повеќе места во градот на Маратонскиот фестивал му дадоа додатен придонес на жешката атмосфера во градот.
Меѓу 27.000 учесници кои трчаа во Ајндховен имаше и меѓународни натпреварувачи кои се во самата светска елита.
 
Во машка конкренција првите три места ги освоија Кенет Кипкемои со време од 2:04:52, Сајрус Мутаи 2:06:11 и Доминик Нџено 2:07:26
Кај жените најбрзи беа Клои Хербиет со време од 2:27:54, Астрид Верховен 2:29:21 и Тики Гелана 2:31:1.7
Со децении, маратонот Ајндховен е свечен спортски настан организиран од и за градот. Најголемиот спортски настан во провинцијата Северен Брабант е поддржан од луѓето од Ајндховен, општината, стотици волонтери и фантастичните тркачи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *