ГЕВГЕЛИСКИТЕ ШАХИСТИ УЧЕСТВУВАА НА ТУРНИРОТ “ШАХ-ШЕХ ВАВИЛОН“ ВО БИТОЛА

WEB Телевизија во живо

Викендот, во ресторанот “Вавилон“ во Битола се одржа 2. по ред традиционален турнир во забрзан шах “ШАХ-ШЕХ Вавилон опен“ во организација на шаховскиот клуб од Битола Шах – Шех. На турнирот учествуваат шахисти од клубови во Македонија, но и шахисти од другите балкански држави. Вкупно имаше 177 учесници од 7 до 89 години, од Македонија, Србија, Република Српска, Грција, Црна Гора, Косово и Бугарија.
 
Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои првото место на турнирот „Шах-шех Вавилон Опен“. На турнирот зедоа учество и шахистите на „7-ми Ноември“ кои остварија солидни резултати по одиграни 9 кола. На крајот, најдобро пласирани со освоени 5,5 поени беа Слободан Дачев , Тодор Андонов, Перо Димов и Славчо Кочев

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *